
Во изминатиот период се работеше на подобрување на условите во Државниот студентскиот дом “Томе Стефановски -Сениќ”, со цел да се обезбеди поквалитетен и покомфорен престој за сите станари.
Извршени се низа активности, меѓу кои:
-Реновирање на дел од собите и санитарните јазли.
-Промена на дел од бољерите, тоалетите, казанчиња, чешми и туш батерии.
-Молерофарбарски работи.
-Електричарски работи.
-Монтиран ламинат на дел од ходниците и собите.
-Промена на дел од сијалиците со лед светилки.
-Промена на дел од лимените врати во тоалетите со пвц врати.
Овие интервенции се дел од поширока стратегија за унапредување на студентскиот стандард и создавање на подобри услови за живот и учење.