Директорот на Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“ м-р Иван Симоновски, оствари средба со Градежен институт Македонија и Австриската фирма “IC Consulenten” кои се ангажирани од страна на Министерството за образование и наука како проектанти и надзор во процесот на темелна реконструкција на домот и се очекува следната календарска година домот да започне со реновирање и да биде целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен.
Денес направивме увид во сите простории каде што треба да започнат градежните работи.
Оваа активност е дел од проектот за енергетски ефикасна обнова на 9 државни студентски домови во Македонија.
Грижата за младите останува наш врвен приоритет, затоа што без млади државата нема иднина. Целта е да ги задржиме тука и да им ги овозможиме сите услови за квалитетна едукација, вработување и пристоен живот.







