Директорот на Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“, м-р Иван Симоновски, денес потпиша договор за прием на донација од општествено одговорната компанија „СТАРООН ЕВРОПА ДООЕЛ“ – Скопје.

Донацијата се состои од 350 јоргани, кои ќе бидат наменети за студентите сместени во домот. Со оваа донација значително се подобруваат условите за престој и се унапредува грижата за студентскиот стандард.

Изразуваме искрена благодарност до компанијата „СТАРООН ЕВРОПА ДООЕЛ“ за поддршката и покажаната општествена одговорност.