ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПЕРАЛНА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ЗА ПРВ ПАТ ВО ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ – СЕНИЌ” ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПЕРАЛНА ЗА СТУДЕНТИТЕ 🧺✨
📌 Денес, Директорот м-р Иван Симоновски заедно со Претседателот на управниот одбор Маја Дрндаревска и Претседателот на Совет на станари Дарко Јано ја пуштија во употреба новата перална која е долгогодишно барање на студентите.
⏱️ Конечно после 72 години домот ќе има перална која е опремена со најсовремени машини за перење и сушење, кои ќе овозможат брзо и ефикасно да ги одржуваат алиштата чисти и свежи. Ова е уште еден чекор во модернизирањето на нашиот студентски дом, за да ги подобриме условите за живот и да го олесниме секојдневието на студентите.
✅ Инвестициите во образованието остануваат на врвот на приоритетите, а подобрувањето на условите во домот се наша главна стратешка цел.
👏Нека е со среќа пуштањето во употреба на новата перална.