При вселување , треба да ги имате следните документи
-документи за вселување (се подигаат од Домот откако ке приложите уплатница од 500 денари уплатени во банка или пошта) се подигаат од Референтот за сместување- втори павилјон.
-копија од извод од матична книга на родени
-копија од заверен тековен семестар
-копија од индекс
-2 ваши фотографии
Со уредно пополнети документи и приложени уплатници (една за станарина за месец септември и една за надомест за одржување и амортизација , одите кај Комисијата за сместување .Студентите кои се ослободени од плаќање на партиципација и студентите кои со себе ке имаат Уверение за родител бранител во оригинал или копија заверена на нотар треба да направат уплата само за надомест за одржување и амортизација и документи
Потребни уплатници-3
- Уплата за документи -500 денари
- Станарина за 09/25 -3410 денари
- Надомест за одржување и амортизација -1.200 денари
Уплата на документи,станарина и надомест за одржување и амортизација се врши на пп 50 образец
Назив на примач – Државен Студенски Дом “ Томе Стефановски – Сениќ” – Скопје
Банка на примач – НБРСМ
Трансакциска сметка – 1000000000 630 95
Сметка на корисник – 1600104081 787 10
Приходна шифра – 723116 и програма 50
Важно : Вселувањето се врши со лично присуство на примениот студент . Ако студентот е спречен да дојде тогаш вселувањето може да го направи само негов родител.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВСЕЛУВАЊЕ ВО
ДСД,, ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ-СЕНИЌ,, СКОПЈЕ
Потребни уплатници-3
- Уплата за документи -500 денари
- Станарина за 09/25 -3.410 денари
- Надомест за одржување и амортизација -1.200 денари
ПРИМЕР ЗА УПЛАТНИЦА ЗА СТАНАРИНА

ПРИМЕР ЗА УПЛАТНИЦА ЗА ДОКУМЕНТИ

ПРИМЕР ЗА УПЛАТНИЦА ЗА НАДОМЕСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И АМОРТИЗАЦИЈА
